АВСТРАЛИСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ

АВСТРАЛИСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ .– се воспоставуваат со почетокот на иселувањето на Македонци во Австралија (крајот на ⅩⅠⅩ в.). Во Мелбурн се формира огранок на МПО (1936), во Перт прво македонско културно здружение „Единство” (1939), мрежа македонски организации (1941–1946), се одржува конференција за нивно обединување во Македонскоавстралиски народен сојуз (1946) и во Мелбурн се формира првата македонска црковна општина во странство (1960). Австралија ја признава Република Македонија на 15. Ⅱ 1994 г. Дипломатски односи се воспоставуваат на 20. Ⅹ 1995 г. Прв вонреден и ополномоштен амбасадор на Австралија во Република Македонија е Ноел Доналд Кембел (Ноел Доналлд Цампбелл). Прв вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Австралија е Виктор Габер. ЛИТ.: Иван Катарџиев, Македонската политичка емиграција по Втората светска војна, Скопје, 1994; Ахил Тунте, Република Македонија – прва декада (19901999), Скопје, 2005. Т. Петр.