ДОЛНЕНИ

ДОЛНЕНИ – село во Прилепско. Се наоѓа во источниот дел на Прилепско Поле, помеѓу железничката линија ВелесПрилеп и регионалниот пат Прилеп – Брод, на надморска висина од околу 660 м. Населено е со Македонци (375 ж.). Седиште е на општина што зафаќа површина од 41.243 ха, има 37 населени места со 13.568 ж. Населението се занимава главно со одгледување на тутун. Ал. Ст. Неолитска статуетка, Тумба, Долно Палчиште