ДРВЕНИЦА, ПАЛЧЕСТА ВОДНА

ДРВЕНИЦА, ПАЛЧЕСТА ВОДНА. (Ранатра линеарис Л.) – воден инсект со стапчеста форма на телото. Има тенки нозе и должина до 5 цм; со предните грабливи нозе умешно лови ситни ларви и ракчиња; живее во неистечни копнени води и блата со гнилеж од растителни делови. ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991. В. Т. К. – М. Кр. Огнени дрвеници