ИВАНОВ, Јордан Костадинов

ИВАНОВ, Јордан Костадинов (с. Илинденци, Горноџумајско/Благоевградско, РБ, 9. XI 1932) – учител, борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, еден од лидерите на ОМО „Илинден” во Благоевград. За организирањето и Јордан Костадинов Иванов раководењето на група Македонци за борба за национални права и слободи (1972-1974) е уапсен (29. Ⅷ 1974) и од Софискиот градски суд осуден (28. XI 1974) на 3 години затвор. Бидејќи ја продолжува организираната борба за малцински национални права (1978-1981), на 5. Ⅲ 1981 г. пак е уапсен и Благоевградскиот окружен суд го осудува (18. Ⅰ 1982) на 2 години затвор и 5 години лишување од правото да живее во Благоевград. Во борбата за легализирање на ОМО „Илинден” процесот стигнува до Европскиот суд во Стразбур, којшто ја осудува РБ за кршење на човековите права и слободи на Македонците, но препораката за регистрацијата на македонската партија не е извршена. ЛИТ.: Стојан Георгиев Томовичин, Македонија над с”, Битола, 1990. Бл. Р. Јордан Николов Иванов