АНЧЕВ, Ефтим

АНЧЕВ, Ефтим (27. Ⅲ 1945) – ентомолог, унив. професор. Дипломирал на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје (1968) и докторирал на Земјоделскиот факултет во Нови Сад (1980) од областа на земјоделската ентомологија. Првин бил агроном во Земјоделскиот институт во Скопје (1968-1970), а потоа асистент на Земјоделскиот факултет. По докторирањето бил директор на Институтот за заштита на растенијата (1980-1982) и продекан за настава на Земјоделскиот факултет (1982-1986), а потоа бил избран за редовен професор по ентомологија (1990). Бил министер во Владата на РМ за земјоделство, шумарство и водостопанство (4. IX 1992 – 20. Ⅻ 1994). Автор е на поголем број научни и стручни трудови за разни болести и штетници на овоштарските култури, маслодавната репка, масовната појава на скакулците, употребата на пестицидите и заштитата на човековата околина. С. Мл. Тихомир Анчев