ВЕРЗИТИ

ВЕРЗИТИ – словенско племе. Кон крајот на Ⅵ и почетокот на Ⅶ в. се населиле во Македонија на териториите северно од Солун, а подоцна се повлекле подлабоко во внатрешноста. Во сојуз со другите племиња, учествувале во нападите на Византија (614–616), пустошејќи ги егејските острови, Јужен Илирик, Епир, Хелада, бреговите на Тесалија и во нападот на Солун (616). Се смета дека името има иранско потекло (березант-висок). Понекогаш се поврзуваат со етнонимот Брсјаци, за населението помеѓу Охрид, Прилеп и Велес. ЛИТ.: Т. Живковић, Јужни Словени под византијском влашÊу (600–1025), Београд, 2002; Ф. Баришић, Чуда Димитрија Солунског као историски извори, Београд, 1953; И. Стефоска, Словените на почвата на Македонија (од Ⅶ до почетокот на Ⅹ век), Скопје, 2002. К. Аџ.