ИСТИБАЊСКА КЛИСУРА

ИСТИБАЊСКА КЛИСУРА – се протега помеѓу Делчевска Котлина (од утоката на Овчеполска Река во Брегалница), па сè до влезот во Кочанска Котлина, с. Истибања, помеѓу планините Голак од југ и Осоговските Планини од север, во должина од 39 км. Во овој дел Брегалница изградила повеќе меандри. Истибањската Клисура е епигентска. Првиот дел од клисурата е потопен со акумулацијата на Калиманци. Т. Анд. Списанието на Сојузот на друштвата на историчарите на Македонија