МИТРЕВСКИ, Драги

МИТРЕВСКИ, Драги (с. Дупени, Ресенско, 15. Ⅸ 1957) – археолог, Драги Митревски унив. професор. Дипломирал историја на уметноста и археологија на Филозофскиот факултет во Скопје (1981). Магистрирал во 1990 г. во Белград од областа на праисториската археологија, а докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје од областа на протоисторијата (1995). Работел како кустос-археолог во Музејот на Македонија (1982–1999), каде што бил и директор (1999–2001). Од 1996 г. работи како професор по предметите праисториска археологија, протоисториска археологија и методологија на археолошките истражувања на Институтот за историја на уметноста и археологија. Истражувал повеќе археолошки локалитети од праисторијата и протоисторијата: Дедели, Милци, Дабици – с. Сопот, Кунови Чуки – с. Оризари, Градиште – с. Бразда, Хиподром – Скопје, Димов Гроб – с. Уланци, Марвинци – Валандово, Вардарски Рид, Глоска Чука – с. Глос, Скопско КалеСкопје. БИБ.: Дедели, некропола од постаро железно време, Скопје, 1991; Протоисториските заедници во Македонија: Преку погребување и погребните манифестации, Скопје, 1997; Прехисторѕ ин тхе Републиц оф Мацедониа, Тхе Балканс ин прехисторѕ, Атхенс, 2001, 87–100. Вардарски Рид, Вол. 1, 2005, Скопска тврдина – Кале, 2007. Д. З.