АМИХАЈ, Јехуда

АМИХАЈ, Јехуда (Ѕехуда Амицхаи) (Вирцбург, Германија, 2. Ⅳ 1924 – Ерусалим, 1. Ⅹ 2000) – еден од првите израелски поети што својата поезија ја пишувал на хебрејски јазик. Објавил 13 книги поезија на хебрејски, десетина избори на англиски јазик (од кои четири се издадени двојазично), потоа два романа, од кои романот Не од ова време, не од ова место (1963) е еден од најчитаните во Израел, една збирка раскази, три книги за деца и една збирка со драми. Неговите поетски книги доживуваат огромни тиражи. Преведен е над дваесет светски јазици. Добитник Јехуда Амихај е на многу награди за литература (Израел), а станува и прв поет од странство што ја добил наградата „Книжевен лав” (Њујоршка библиотека), како и Златен венец на СВП (1995). БИБ.: Песни (1948-1962), Ерусалим, 1963; Поезија, СВП, Струга, 1995.ЛИТ.: З. Анчевски, Поетската археологија на Амихај, Поезија, СВП, Струга, 1995. П. Гил.