БЕЛАСИЦА

БЕЛАСИЦА – планина во крајниот југоисточен дел на Република Македонија . Се издига помеѓу Струмичката и Петричката Котлина на север, Дојранската, Бутковската и Валандовската Котлина на југ и малата котлина – ровот Костурино на запад, а на исток доБеласичката битка на Самуила со Василиј Ⅱ (1014) лината на реката Струма. Најголемата височина изнесува 2.029 м. Има напореднички правец на протегање и помеѓу предните релјефни целини е ограничена со раседи и се издига како типичен хорст. Планинското било е заоблено и нерасчленето со должина од 58 км. На нашата страна највисок врв е Тумба (1.883 м). Особено се стрмни северните страни во чие подножје се јавува бањата Банско (Струмичка Бања) со температура од 72°Ц. На Беласица се наоѓа тромеѓето меѓу Македонија, Грција и Бугарија. ЛИТ.: Д. Манаковиќ, Т. Андоновски, Релјефни карактеристики на Источна Македонија, „Географски разгледи”, кн. 17, Скопје, 1979; А. Стојмилов, Физичка географија на Република Македонија , ПМФ, Скопје, 2003. Т. Анд.