БУЗАЛКОВ, Ристо

БУЗАЛКОВ, Ристо (Башино Се-ло, Велешко, 1927) – физиолог, унив. прфесор. Основно образование завршил во родното место и средно во Велес (1946). Истата година се запишал на Филозофскиот факултет во Скопје – група биологија. Дипломирал во 1951 г. Од први април истата година бил избран за асистент при Физиолошкиот завод на Катедрата за биологија. Докторирал во 1960 г., кога е избран и за доцент. Во 1966 г. е избран за вонреден професор, а во 1971 е избран за редовен професор по предметот споредбена физиологија. Во 1987 г. заминал во пензија. Во текот на работниот век, проф. Бузалков бил на специјализација во повеќе еминентни физиолошки лаборатории. Автор е на над 140 научни трудови печатени во домашни и во странски списанија. Д. Пр.