ДАМАСКИН СТУДИТ

ДАМАСКИН СТУДИТ (Солун, ⅩⅤⅠ – ?, 1577) – солунски митрополит, проповедник и книжевен деец, еден од почетниците на просветителството. Просветителските идеи ги изразил во Предговорот кон неговото најпознато дело „Сокровиште” (Венеција, 1558), кое уште во периодот меѓу 1560 и 1580 г. било преведено на македонски народен говор од епископот пелагониски и прилепски Григориј (прв превод на словенски јазик). ЛИТ.: Р. Угринова–Скаловска, Дамаскини. Македонски преводи од 16 до 19 век, Скопје, 1975; П. Хр. Илиевски, Крнински дамаскин, Скопје, 1972; Вера Стојчевска–Антиќ, Историја на македонската книжевност. Средновековна книжевност, Скопје, 1997; П. А. Лавров, Дамаскин Студит и сборники его имени „дамаскинѕ” в њжнослав/нској писЃменности, Одесса, 1899. И. Вел. Страница од Крнинскиот дамаскин