ДАМЕ ГРУЕВ , ИСЕЛЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА

„ДАМЕ ГРУЕВ“, ИСЕЛЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА (Индијанаполис, Индијана, САД, 1922 – ?) – основана под името „Леринско братство“ (едно од најбројните); во неа членувале претежно доселеници од Леринско, а имало членови и од Битолско, Костурско и од други краеви на Западниот дел на Македонија. Во 1923 г. го променила името во „Даме Груев“. Ја основало црквата „Св. Стефан“ во Индијанаполис. Сл. Н.-К. Огнен Дамев