ЕДИНАЕСЕТТАТА ПЕШАДИСКА ДИВИЗИЈА НА БУГАРСКАТА АРМИЈА

ЕДИНАЕСЕТТАТА ПЕШАДИСКА ДИВИЗИЈА НА БУГАРСКАТА АРМИЈА (1915) – дивизија формирана од мобилизирани Македонци од сите делови на Македонија од 20 до 40-годишна возраст. штабот на дивизијата се наоѓал во Софија, а командант бил полковникот Крсто Златарев (ро-ден во Охрид). Формациски се состоела од шест македонски и еден бугарски полк. Имала вкупно 33.745 војници и подофицери и 326 офицери. Вооружувањето и офицерскиот кадар го обезбедила бугарската армија. ЛИТ.: Д. Минчев, Формиране на кадровата дивизија през 1915 г. за обучение на Българи от Македония и Одринско, Военноисторически сборник, бр. 5, София, 1984. В. Ст.