ЕРОЗИЈА

ЕРОЗИЈА . (лат. еродере – нагризува, струга) – процес на разрушување честици од почва, камења и други делови од подлогата под дејство на водата и ветерот, како и нивно пренесување и таложење во зарамнетите делови од релјефот. Врз типот и интензитетот на ерозијата влијаат разни фактори: климатски (дожд, ветер, сонце…), топографски (наклон, облик на падина, дисецираност…), подлогата (почвен тип, петрографски состав), како и неправилното користење на земјиштето. Според причинителот, ерозијата се дели на: 1) водна, во која спаѓаат плувијалната (дождовна) и флувијалната ерозија (предизвикана од текуштите води) и 2) ветрова (еолска). Плувијалната ерозија се дели на површинска и линиска (браздеста и јаружеста) ерозија. Посебни облици на ерозијата се: абразивна, глацијална, карстна и суфозија. Интензитетот на ерозијата се изразува во: шммќ однесен или ната32 ложен слој; (м /км г.) или (т/ха г.). Природната (нормална, геолошка) ерозија има интензитет до 100 32 м /км г. и претставува позитивен процес. Забрзаната (антропогена) е потпомогната од дејството на човекот (неправилна обработка, обесшумување, преголема испаша, несоодветни градежни активности итн.). Во РМ, доминантна е водната ерозија, а нејзиниот 32 просечен интензитет е 685 м /км г. Околу 36% од територијата на РМ е зафатена со посилни процеси на ерозија, па РМ е меѓу најзагрозените држави во Европа. За заштита од ерозијата се преземаат разни мерки и активности: техничко-мелиоративни (тераси, ѕидови, ровови…); противерозивна агротехника (контурна обработка…); шумско-мелиоративни (пошумување…); градежни (прегради, прагови, канали…); административни и едукативни. И. Б.