ЖЕЛЕЗНИЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

ЖЕЛЕЗНИЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА – значаен сегмент во развојот на стопанството во Македонија, но и со политичко значење. Првата ж. линија во Македонија е СолунВелесСкопје кон Белград. Почнала да се гради со странски капитал во 1871, а до Скопје била завршена во 1873 г. Во 1888 била поврзана со српските железници на граничниот премин Забевче кај Врање. Ж. линија Скопје–К. Митровица била завршена во 1878 г., а СолунВоденЛеринБитола во 1894 г. Во текот на Првата светска војна, за потребите на своите армии, германските и бугарските власти ја изградиле тесната линија (60 цм) Градско –ПрилепБитола (преку Плетвар) и СкопјеГостиварКичевоОхридСтруга. Во 1925-1926 г. би-ла изградена линијата Велес–Ко-Возниот ред на Македонската железница: Солун-Скопје чани, а во 1931 ВелесПрилепБитола. По 1945 г., покрај обновата, била изградена и нова варијанта на ж.л. Клисура–Миравци, во 1951–1956 г. ж.л. СкопјеТетовоГостиварКичево, како и ЗајасТајмиште (1966). Иницијативи за железничко поврзување на Македонија кон Бугарија, имало од турската (1912), од бугарската (1943) и од македонската власт (1946). Во 1992 г., со одлука на Владата на Република Македонијапочнала градбата на ж. линија Скопје–Софија, која, меѓутоа, не е завршена. ЛИТ.: Група автори: Историја на железниците во Македонија 1873-1973, Скопје, 1973. Н. В.