ИНФОРМБИРО

ИНФОРМБИРО (Полска, 1947) – биро за меѓусебно информирање на комунистичките парти. ИБ било основано по иницијатива на СССР. Првин седиштето му било во Белград (до 1948). Поради неговото трансформирање во центар за раководење со комунистичките партии дошло до политички и идеолошки судир во 1948 г. помеѓу КПЈ и Јосип Броз Тито, од една страна, и КПСС, Јосип Висарионович Сталин со неколку комунистички партии од блокот, од друга страна. Седиштето било пренесено во Букурешт. ИБ го издавало заедничкиот орган „За цврст мир и за народна демократија“, печатен на 12 јазици.ЛИТ.: Д-р Бранко ПетрановиÊ, Југославија на разме—у (1945–1950), Подгорица, 1998; д-р Виолета Ачкоска, Македонија во Југословенската федерација 1943–1991 (хронологија), Скопје, 2000; Михаило СимиÊ, Дража – Броз – ИБ, непознато у познатом, Београд, 2000. Н. В. Монета со ликот на византискиот цар Ираклиј борби со Персијците и Аварите (го одбил нападот на Цариград во 626 г.), а ја занемарил опасноста од Арабјаните (му ги одзеле источните провинции) и Словените (трајно се населиле на Балканот и во Македонија). ЛИТ.: Њ. Каеги, Херацлиус Емперор оф Бѕзантиум, Цамбридге, 2003; Ј. Ф. Халдон, Бѕзантиум ин тхе Севентх Центурѕ: тхе трансформатион оф а цултуре, Цамбридге, 1990. Б. Петр.