ЅВЕРОВИ

ЅВЕРОВИ (Царнивора) – ред грабливи животни од класата цицачи (Маммалиа). Познати се 250 вида, а во Македонија се среќаваат 13 вида, систематизирани во 10 рода и четири фамилии. Фамилијата на кучињата (Цанидае) кај нас е претставена со три вида: волк (Цанис лупус), шакал или чакал (Цанис ауреус) и лисица (Вулпес вулпес). Фамилијата мечки (Урсидае) е претставена со еден вид, кафена мечка (Урсус арцтос). Од фамилијата куни (Мустелидае) се регистрирани седум вида: невестулка (Мустела нивалис), обичен твор (Мустела путориус), шарен твор (Вормела перегусна), куна златка (Мартес мартес), куна белка (Мартес фоина), јазовец (Мелес мелес) и видра (Лутра лутра). Од фамилијата мачки (Фелидае) се регис-Ѕ трирани два вида: дива мачка (Фелис силвестрис) и рис (Лѕнџ лѕнџ). ЛИТ.: С. Петковски – Б. Крѕстуфек, Цицачи на Македонија, Скопје, 1998; А. Ј. Митцхелл-Јонес, Г. Амори, Њ. Богдановицз, Б. Крѕстуфек, П. Ј. Х. Реијндерс, Ф. Спитзенбергер, М. Стуббе, Ј. Б. М. Тхиссен, В.Вохралик, Ј. Зима, ТхеАтласофЕуропеан Маммалс, Лондон–Сан Диего, 1999. Ѕвингалка