АЛАРИХ

АЛАРИХ (370–410) – крал на Визиготите (394/5–410). По смртта на императорот Теодосиј Ⅰ (395), ги опустошил Тракија, Хелада и Македонија. Во почетокот наⅤв. со Визиготите навлегол во Италија и го освоил Рим (24.Ⅷ 410). Оттаму се упатил кон Јужна Италија со цел да се префрли во Северна Африка. Тука го затекнала смртта. Бил погребан под коритото на реката Бутринто. Виолета Аларова