Национална концепција во борбата за етно-културна и државно-политичка еманципација на македонскиот народ како посебен ентитет во словенскиот свет. Се изразува од половината на ⅩⅠⅩ в. како процес за афирмација на посебноста на македонскиот јазик, историја и култура и за обновување на Охридската архиепископија како македонска црква.