БИЦЕВСКИ, Петре Ристов

БИЦЕВСКИ, Петре Ристов (с. Горно Пожарско, Воденско, 19. Ⅹ 1939) – раскажувач, романсиер, фолклорист и сликар. Во времето на Граѓанската војна во Грција со семејството го напуштиле родното село и се доселиле во с. Ерџелија, Светиниколско (1948). Завршил средно земјоделско училиште во Струмица (1964) и Виша педагошка школа во Скопје (1968). Работел како наставник по макеПетре Бицевски донски јазик во Свети Николе (1968-1971) и во Скопје (1971-2000), по што заминал во пензија. Член е на ДПМ (1993). Се занимавал и со собирање фолклорен и ономастички материјал од Мегленско. Приредил и две самостојни изложби на слики. БИБ.: Бегалци, Скопје, 1982 (раскази), Класје, Скопје, 1989 и второ издание 2004 (раскази); Нашите коски, Скопје, 1993 и второ издание 2005 (роман); Орловото седело, Скопје, 1996 (раскази за деца); Димитрија и Лена, Скопје, 1997 (роман); Отец Алексиј и јас, Скопје, 2001 (роман); Од двете страни на Добро Поле, Скопје, 2001 (роман); Судбина, прв дел, Скопје, 2003 (роман); За нас нема збогум, Скопје, 2007 (роман); Големата љубов, Скопје, 2008 (роман); и Судбина, втор дел, Скопје, 2008 (роман). С. Мл.