ВТОРА МАКЕДОНСКА МЕРИДА

ВТОРА МАКЕДОНСКА МЕРИДА – автономна административно-политичка и економска об-ласт, формирана по паѓањето на Македонија под римска власт во 168 г. пр.н.е. Втората мерида на исток граничи со Стримон, без Хераклеја Синтика и Бисалтија, додека на запад се протега до р. Аксиј, вклучувајќи ги и Пајонците, кои живеат источно од Аксиј; центарот е во г. Тесалоника. Областа има свое управно тело – Со-вет (Синедрион) со едногодишен мандат, а го сочинуваат претставници од градските општини. Во надлежност на синедрионите е донесувањето одлуки за избор на нови магистрати и за собирање на годишниот данок за Рим. Градовите ја задржуваат својата локална самоуправа и продолжуваат да бидат основни административни единици со сопствени магистрати и др. органи на власт. ЛИТ.: Тити Ливѕ, Аб урбе цондита, либри, Липсиае, 1906; Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957. А. шук.