ГАБОВО, Градиште

ГАБОВО, Градиште – Гевгелиско – железновременска и раноантичка утврдена населба, североисточно од Габрово, на доминантниот купест рид Градиште. Фортификацијата има елипсовидна форма, со димензии 60 х 45 м и долга обиколна југозападна станбена тераса. Главната влезна порта била оформена на југоисточната страна, широка околу 5 м, долга околу 8 м, заштитувана странично со проширените завршетоци на периметралниот заштитен ѕид. Јужно од Градиште, на широк простор до селото, се протегаат голема населба и некропола од римско време. На ридот јужно од Градиште се регистрирани остатоци од подоцнешна средновековна населба. ЛИТ.: К. Ристов, Утврдени пајонски населби во Долното Повардарје, Скопје, 2004, 61–64. В. Л.