ГАВРИЛОВСКИ, Мирослав Јованов

ГАВРИЛОВСКИ, Мирослав Јованов (Скопје, 12. Ⅱ 1949) – интернист-пулмолог и алерголог. Мед. ф. и специјализација завршил во Скопје. Докторирал (1983) во Скопје. Редовен проф. (1994), продекан на Мед. ф. (1994/95) и проректор на Унив. ,,Св. Кирил и Методиј” (1995/96). Објавил над 150 стручни трудови. БИБ.: Имунотерапија, Скопје, 1992. Сл. М. П. Гаврило Гаврилоски ГАВРИЛОСКИ, Гаврило Ѓорѓиев (с. Белица, Кичево, 15. Ⅱ 1941) – машински инженер. Дипломирал на Машинскиот факултет во Скопје (1964). Од 1964 до 1981 г. работел во РЖ „Скопје” и во „ФАКОМ” – Скопје, како генерален директор. Од 1965 до 1976 г. е хонорарен асистент, а 1976– 1981 виш предавач на Машинскиот факултет. Од 1981 г. е во редовен работен однос. Бил професор и на Рударско-геолошкиот факултет во Штип. Докторирал во 1984 г. на Машинскиот факултет во Белград. Во периодот 1986– 1988 бил продекан за финансии, а од 1988–1990 декан на Машинскиот факултет во Скопје. Тој е основач и претседател на Друштвото за заварување и претседател на Комисијата за лифтови на РМ. Исто така е автор на повеќе од 450 стручни и научни трудови, идејни и главни проекти и експертизи од носечките конструкции и транспортните системи. Сл. А.