ГЛАВИНЧЕВСКИ, Александар

ГЛАВИНЧЕВСКИ, Александар (Охрид, 22. Ⅲ 1926 – Охрид, 5. Ⅷ 2005) – банкарски чиновник. Член на Бродарското друштво „Стрмец” во Охрид. На кајакарските првенства на Југославија на мирни води во Охрид (1948) освоил прво место во К1 на 10.000 м и трети места на 1.000 м и во екипна конкуренција; висок пласман постигнал и на 500, 1.500 и 10.000 м (1949), со што значајно придонел за освојување на трето место – екипно. На првенството на Југославија (1949) е четврти во спуст на диви води. Први места освоил на 1.000 и 10.000 м и две втори во К-1 на 500 м и екипно (1950). Успешно настапувал и потоа, а во К-4 освоил второ место (1953). Д. С.