ДЕВРИЦА

ДЕВРИЦА – средновековна тврдина во северозападна Пелагонија, над денешното село Дебреште, во месноста Лениште (лок. Кале, каде што има остатоци од ѕидини и од керамика). Го контролирала патот што врвел преку Барбарос. Се спомнува во Првата повелба на Василиј Ⅱ (1019) како Деврета. Ј. Кантакузин соопштува дека ца-рот Андроник Ⅲ ја освоил од Ср-бите (1330). ЛИТ.: Јоаннис Цантацузени еџимператорис хисториарум, либри Ⅳ. Ед. Л. Сцхопен, Т. И, Бонае, 1828; К. Аџиевски, Пелагонија во средниот век (од доаѓањето на Словените до Тврдината Деврица паѓањето под турска власт), Скопје, 1994. Б. Петр.