ИТАР ПЕЈО

ИТАР ПЕЈО (Итар Петре, Пејо Итроманецот) – јунак од народните приказни, шегобиец и итроман, претставник на македонската шегобијна мудрост. Според народните верувања, потекнувал од мариовското село Градешница. Нема историски потврди за неговото постоење и веројатно се појавил како противтежа на османлискиот итроманец и шегаџија Насрадин Оџа во духовниот отпор на македонскиот народ против османлиското угнетување. Во многу македонски народни приказни со шеговити или сатирични мотиви и фабули, тој токму него редовно го надмудрува. Забележани се голем број прозни записи, каде што е главен јунак, а бил честа тема и на нашите хумористи и карикатуристи. МРТ сними и една серија по сценарио на Миле Неделковски и во режија на Коле Ангеловски (1977). ЛИТ.: Д-р Војислав Радовановић, Маријовци у песми, причи и шали, Скопље, 1932; Традиционалната култура и уметничката надградба. Искажување на проф. Кирил Пенушлиски во кое се дефинираат изворот, појавата и личноста на Итар Пејо…, „Нова Македонија”, ЏЏЏИИИ, 10783, Скопје, 30. Ⅰ 1977, 9; Александар Матковски, Отпорот во Македонија во времето на турското владеење, том Ⅱ. Духовниот отпор, Скопје, 1983, 103-110 и 332; Заштитник на народните маси, Заедничкото и специфичното во анегдотите за Насрадин Оџа и Итар Пејо, „Нова Македонија”, ЏЛИ, 13820, Скопје, 13. Ⅶ 1985, 6; Севим Пиличкова, Насрадин Оџа и Итар Пејо – духовни близнаци, Скопје, 1996; Ермис Лафазановски, Итар Пејо Мариовецот, кн. 1 и 2, Скопје, 2002 и 2004. С. Мл.