КАВАЛАРИОН

КАВАЛАРИОН – средновековно утврдување во Демирхисарско. Го освоил византискиот император Андроник Ⅲ Палеолог (1330), заедно со Бучин, Деврица и Сидерокастрон, но набргу повторно дошло под српска власт. Се лоцира на 19 км северозападно од Битола, на ридот на левиот брег на реката шемница, помеѓу селата Лопатица и Габалавци. ЛИТ.: Т. Томоски, Белешки по повод воениот поход на Андроник Ⅲ во Македонија во 1330 г., Македонија низ вековите. Градови, тврдини, комуникации, Скопје, 1999. К. Аџ.