ЛИСИЧКОВ, Станке

ЛИСИЧКОВ, Станке (с. Логодаш, Горноџумајско 29. IX 1913 – Горна Џумаја, Бугарија, 20. Ⅷ 1942) – револуционер-комунист, еден од првите партизани во Горноџумајската околија. Со незавршена гимназија станал професионален револуционер. Бил секретар на Околискиот комитет на БКП за Горноџумајската околија, член на Окружниот комитет (1936), апсен и осуден (1937), борец во партизанското движење во Пиринскиот дел на Македонија (по 24. Ⅵ 1941). Во оружен судир со бугарската полиција бил ранет и заробен. На судскиот процес во мај бил осуден на смрт и обесен во Горноџумајскиот затвор заедно со Гроздан Николов и Владо Чимев. ЛИТ.: Пирински соколи, София, 1970; Енциклопедия Пирински край, И, А-М, Благоевград, 1995; Стојне (Дончо) Лисийски и Кирил Граменов, Въоръжената борба в Горноджумайска околия през периода 22 Óни 1941 – Óли 1942, „Военно-исторически сборник”, ИЏЛ, 3, София, 1972. В. Јот.