МАРЕШ, Франтишек Вацлав

МАРЕШ, Франтишек Вацлав (Франтишек Вацлав Мареш) (Бенешов, Чешка, 20. ⅩⅠⅠ 1922 – Виена, Австрија, 3. ⅩⅠⅠ 1994) – чешки славист, унив. проф. Студира на КУ во Прага, каде што докторира во 1950 г. (дисертација за Прашките одломки). Соработник на Стсл. речник Вацлав Франтишек Мареш (Словенски институт при АВ ЧР), од 1968 г. проф. на Универзитетот во Виена. Член на повеќе академии: ÖАЊ, ПАН, МАНУ (од 1980), ХАЗУ. Носител на бројни проекти и организатор на меѓународна соработка. Во научниот опус доминираат неколку подрачја. Како прво, споредбената словенска граматика, а специјално историскиот развој на фонолошкиот и морфолошкиот систем, и во тие рамки и развојот на македонскиот јазик. Неговите македонистички трудови опфаќаат широк дијапазон прашања, почнувајќи од старословенските почетоци на македонската писменост, преку цсл. период до современата состојба на македонскиот јазик. Компаративистичкиот пристап му овозможува да се согледаат специфичностите на македонскиот јазик како во однос на другите словенски јазици, така и во балканскиот контекст. Автор е на првата граматика на совр. мак. јазик за чешкото јазично подрачје. Трудовите од областа на словенската филологија се однесуваат на отворените кир.-мет. проблеми, на стсл. и цсл. лексикографија. Член на редакцијата и соавтор на Словник јазѕка старословенскехо, (Праха, 1966–1997) игл. ред. на Рјецник црквенославенскога језика хрватске редакције (Загреб, 1991 исл.). Бројни трудови му се посветени на стсл. јазик и на одделни стсл. и цсл. текстови; приредува едиции на Синајскиот палимпсест (→ Фрагменти на глаголички стсл. текстови), на новиот дел од Синајскиот пс. (→) иначешко-цсл. текстови. Неговата библиографија содржи 364 позиции. ДЕЛ: (избор) Ан Антхологѕ оф Цхурцх Славониц Теџтс оф Њестерн (Цзецх) Оригин, Мунцхен, 1979; Фрагментум глаголитицум евангелиарии палаеословеници ин цодице Синаитицо 39 (палимпсес-тум). Анзеигер дер Пхил.=хист. Кл. дер ÖАЊ 117, 1980, 139-152 (со М. Алтбауер); Псалтерии Синаитици парс нова (монастерии с.Цатхаринае цодеџ слав. 2/Н). Ад едитионем праепараверунт П. Феткова, З. Хауптова, В. Конзал, Л. Пацнерова, Ј. Свабова, суб редацтионе Ф. В. Марес, Њиен 1997; Диацхронисцхе Пхонологие дес Ур-унд Фрухслависцхен. Хераусг. унд ред. вон А. Бергемаѕер унд Г. Холзер, Сцхрифтен убер Спрацхен унд Теџте. Хераусг. вон Г. Холзер. Франкфурт ам Маин …, Б. 4. 1999 (избор на трудови од областа на истор. и споредб. фонол. на слов. јазици); Цѕрилометодејска традице а славистика. Едд. Е. Блахова, Ј. Винтр, Праха 2000 (избор на трудови од областа на словенската филологија); Диацхронисцхе Морпхологие дес Ур-унд Фрухслависцхен. Хераусг. унд ред. вон А. Бергемаѕер, Сцхрифтен убер Спрацхен унд Теџте. Хераусг. вон Г. Холзер. Франкфурт ам Маин …, Б. 5. 2001 (избор на трудови од областа на истор. и споредб. морф. на флективните слов. јазици). Лист од Мариинското евангелие со ликот на евангелистот Св. Лука (Ⅺ в.)