НАКА, Никола

НАКА, Никола (Скопје, 17. Ⅲ 1936) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1989) по групата предмети Организација, технологија и економика на изградбата. Пред да дојде на Факултетот (1975) работел во Франција на проектирање индустриски објекти (1963–66), потоа во скопските фирми „Бетон“ и „Маврово“. Докторирал на тема од организацијата на изградбата (1988), што е главна област на неговите истражувања. Од 1990 г. живее и работи во Словенија, каде што и се пензионирал. Љ. Т. Јуми Накаџима