ОВЧЕ ПОЛЕ

ОВЧЕ ПОЛЕ – една од поголемите котлини во РМ. Зафаќа површина од 2.162 км², а се простира помеѓу 300 и 874 м н.в. Од оваа површина 33.200 ха се рамничарско земјиште. Овче Поле го зафаќа просторот помеѓу долините од средниот тек на Вардар на запад и средниот тек на Река Брегалница на исток. Својот дефинитивен облик го добила за време на олигомиоценските тектонски движења. Изградена е по должината на два раседа со динарско протегање и повеќе попречни раседи, а потоа исполнета со вода и претворена во езеро. Вулканската активност ја зафатило и оваа котлина што се гледа преку излеаната андезитско-дацитска плоча. Со ерозија подоцна е дисецирана и разорена. Во релјефот на Овче Поле се издвојува: рамно дно со височина од 230–300 м; област со валчести палеогени и неогени ритчиња помеѓу 300 и 400 м, и крајниот „планински венец“ до 874 м височина. Овче Поле добива мало количество врнежи (471 мм), па владеат чести и долготрајни суши. Затоа вештачкото наводнување во земјоделството е неопходно. Населението се занимава со одгледување Плодородните нивје во Овче Поле пченица, афион, сончоглед, сусам и сточарство. Главна населба е Свети Николе. ЛИТ.: Д. Манаковиќ, Т. Андоновски, Релјефни карактеристики на Источна Македонија, „Географски разгледи“, кн. 17, Скопје, 1979. Т. Анд. ОВЧЕПОЛСКА НО БРИГАДА