ПАВЛОВ, Димитар, псевд

ПАВЛОВ, Димитар, псевд. Штипјанин (втора пол. на ⅩⅠⅩ в. – прва пол. на ⅩⅩ в.) – учител, црковен певец и автор на духовни напеви. Најдобар црковен певец во Штип кон крајот на ⅩⅠⅩ в. и во почетокот на ⅩⅩ в. Во ракописната „Псалтика“ од Васил Икономов, се наведени три песни на П. со Хрисантова нотација. Едната од нив – „Достојно ест“ на И глас, во дешифрација на Д. Ортаков, прв пат е претставена кај нас на фестивалот Струшка музичка есен (1989). П. е татко на бугарскиот публицист и филозоф Тодор Павлов. Др. О. Љупчо Павлов