ПАВСАНИЈА

ПАВСАНИЈА (Паусаниас) (393–392) – македонски крал, син и наследник на кралот Аероп Ⅱ. Се претпоставува дека извесно време владеел заедно со Аминта Ⅱ Малиот, син на кралот Архелај, кој му го оспорил правото на престо-лот. Само по една година владеење бил убиен од Аминта, синот на Аридај, кој го наследил престолот под името Аминта Ⅲ. ИЗВ.: Диодори, Библиотхеца хисторица, Леипзиг, 1896. ЛИТ.: Н. Проева, Историја на Аргеадите, Скопје, 2004. К. М.-Р.