РАДЕВ, Георги Николов

РАДЕВ, Георги Николов – Ѓорѓи Бродалијата (с. Горно Броди, Серско, 1857 – Асеновград, Бугарија, 15. Ⅱ 1942) – деец и серски војвода на ТМОРО/ВМОРО/ ВМРО. Како овчар, бил јатак на војводите Г. Зимбилев и Стојо Скрижовски, поради што бил апсен од османлиските власти. По излегувањето од затвор бил комита во четата на Илија Крчовалијата. Извесно време бил комита Георги Радев во четата на Гоце Делчев (1899), а потоа војвода на Серскиот револуционерен округ на ТМОРО (1899–1904). Заедно со војводата на Драмската чета на ТМОРО Димитар Гуштанов, војводата на Демирхисарската чета Илија Крчовалијата, Неврокопската и Мелничката чета, кои располагале со ок. 80 комити и 200 младинци пријавени за идни комити, во с. Караѓој ја дочекале четата на Г. Делчев (февруари 1902). На тукашното советување на Серскиот револуционерен округ, Г. Делчев им говорел за објавување на востанието и бил прифатен неговиот предлог за минирање на железничката мрежа и напади и атентати на воените утврдувања и жандармериските станици. Потоа сите заедно заминале за пештерата Капе на пл. Али-Ботуш. По извесно отсуство, Г. Делчев пак се вратил во тој комитски логор. Учествувал во битката во с. Бани-ца при загинувањето на Г. Делчев (4. В/ 1. Ⅳ 1903). Подоцна ги фатил и егзекутирал предавниците на четата (декември 1904). Зел учество во Балканските војни (1912–1913) и во Првата светска војна (1915–1919). ЛИТ.: Лика Чопова, Кој го предаде Гоце Делчев? „Нова Македонија“, Скопје, 2. Ⅷ 1978, 12. С. Мл. Симеон Радев