СААТ-КУЛА

СААТ-КУЛА (Скопје, пом. 1566 и 1573) – споменик на културата. Има квадратна основа 5,50 × 5,50 м. Часовникот и мајсторот за одржување биле од унгарскиот град Сигет. Реставрирана во 1902/03 г., дрвениот горен дел бил заменет со солунска печена тула и поставен нов часовник донесен од швајцарија. ЛИТ.: Лидија Кумбараџи-Богоевиќ, Османлиски споменици во Скопје, Скопје, 1998; Аѕверди Екрем Хакки, Аврупа’да Османлý Мимарý Есерлери. Ѕугославѕа, ллл цилд, 3. китаб, Ýстанбул, 1981. Др. Ѓ. Јусуф Сабит