СВЕТА ТРОИЦА

СВЕТА ТРОИЦА“ („Свети Дух“) – трикорабна гробишна црква во с. Добрача (Добросла), североисточно од Куманово. Подигната е, најверојатно, околу првата деценија на ⅩⅤⅠⅠ в., а видоизменета во 1931 г. На западната фасада се зачувани елементи од првобитната камена пластика. Ѕидното сликарство е целосно уништено. ЛИТ.: Ј. Хаџи-Васиљевиђ, Кумановска област, Јужна Стара Србија, Београд, 1909, 442. М. М.