ТАИПИ, Таип

ТАИПИ, Таип (с. Асамати, Ресенско, 26. Ⅹ 1924 – Белград, 19. Ⅹ 2001) – политички деец. Завршил правен факултет. Бил учесник во НОБ (од 1941) како заднински соработник, а потоа како борец во Битолскопреспанскиот НОП одред (од јули 1943), во Првата, а потоа во Третата македонска НОУ бригада. По Ослободувањето бил на разни раководни должности во ЈНА (до 1956), а потоа бил стручен соработник и секретар на Сојузното јавно обвинителство (1956–1966), републички секретар за правосудство на СРМ (1966 – март 1969) и пратеник во Соборот на народите на Собранието на СФРЈ (1970). БИБ.: Учеството на борците од Тетово и Тетовско во Ⅳ (Ⅶ) бригада, Тетово и Тетовско во НОВ 1941–1945. кн. втора, Тетово, 1991, 114-120. С. Мл.