ТАОРСКА КЛИСУРА

ТАОРСКА КЛИСУРА – се протега помеѓу селата Таор и Башино Село во должина од 31 км, во долината на реката Вардар. Всечена е помеѓу источните клонови на планината Јакупица од западната и Градишката Планина од источната страна. Клисурата е тектонски предиспонирана и е со високи и стрмни долински страни, кои на некои места, како кај с. Новачани, достигаат до 535 м и се со различен геолошки состав. Во клисурата реката Вардар изградила неколку ерозивни проширувања, меѓу кои најпознато е она што се наоѓа меѓу селата Зелениково и Пакошево. Т. Анд. Тапан