ФИЛИПИ

ФИЛИПИ (Пхилиппои) – град во Источниот дел на Македонија, во богатата област Датон, во под-ножјето на Пангајската Гора, основан од кралот Филип Ⅱ (356 пр. н.е.) на местото на тасоската колонија Крениди (Кренидес). Во римско време станал колонија под името Цолониа Аугуста Иулиа Пхилиппенсис. Тука е основана од страна на св. апостол Павле првата христијанска општина во Македонија и воопшто во Европа (49 г.), за чие раководење бил поставен евангелистот Лука, кој токму во овој град и го составил едното од четирите евангелија што ја претставуваат основата на христијанското учење. Акрополата на градот е обвиткана со ѕид во должина од околу 3.500 м, подигнат во времето на Филип Ⅱ, а под неа се откриени три светилишта, како и повеќе од 140 врежани вотивни релјефи и натписи посветени на божества. Во центарот на римскиот град, пак, кој се протегал на двете страни на патот Виа Егнатија, се наоѓал форум со два коринтски храма и голем портик што служел за јавни собири и трговија. Во близина на форумот имало бибилиотека и агора, а јужно од него палестра и терми. Од ранохристијанскиот период се среќаваат четири големи базилики и октогонална капела, која е дел на епископскиот градежен комплекс. ЛИТ.: П. Цоларт, Пхилиппес, вилле де Мацедоине депуис сес оригинес јусљу’ а ла фин де л’епољуе ромаине, Парис, 1937; Д. Срејовиќ, Археолошки лексикон, Београд, 1997. К. М.-Р.