ХЕСИОД

ХЕСИОД (Хесиодос) (Ⅶ в. пр. н.е.) – хеленски поет, прв го спомнува името Македонија. Неговиот татко, којшто се занимавал со поморска трговија, се преселил од Кима во Ајолија, во Аскра, село на падините на планината Хеликон, близу до градот Теспиј во Бојотија. Тука Х. се занимавал со земјоделство. По смртта на татко му спорел со братот Персе околу наследството. Ги напишал делата Теогонија и Дела и дни, но му се припишуваат и други како: шти-тот на Херакле, Каталог на жените, Натпревар меѓу Хомер и Хесиод и др. ИЗВ.: Хесиоди цармина, рец. А Рзацх, ед. тертиа. Липсиае, 1913. ЛИТ.: В. Митевски, Античка епика, Хелада и Рим, Скопје, 2001. К. М.-Р.