ХУИСМАН, Титус Х

ХУИСМАН, Титус Х. Ј. (Лееуњарден, Холандија, 1. Ⅸ 1923 – Агаста, САД 1. Ⅵ 1999) – биохемичар, редовен проф., академик. Дипломирал (1946) на ПМФ – Група хемија на Унив. во Гронинген, каде што и докторирал (1948), а потоа докторирал и на Групата за биохемија, на Универзитетот во Утрецхт, Холандија. Од 1951 до 1959 г. работел како раководител на Истражувачката биохемиска лабораторија на Клиниката за детски болести при Мед. ф. во Гронинген. Во 1959 г. е избран за вонреден професор по биохемија и патологија на Мед. ф. во Аугуста, Георгиа, САД, во 1961 г. за редовен проф. и во 1964 г. за Регент’с професор. Бил директор на Институтот за клеточна и молекуларна биологија и директор на Центарот за дрепаноцитоза на Медицинскиот факултет во Аугуста. Бил визитинг-професор на Мед. ф. во Пекинг, шангај, Урумљи и Џинјианг (НР Кина) и почесен професор на Кинеската академија за медицински науки. Бил основач и Главен уредник на меѓународното списание „Хемоглобин“ и член на Уредувачкиот одбор на меѓународните списанија: „Сциенце“, „Натуре“, „Блоод“, „Биоцхимица анд Биопхѕсица Ацта“, „Америцан Јоурнал оф Хаематологѕ“, „Бритисх Јоурнал оф Хаематологѕ“, „Јоурнал оф Цхроматограпхѕ“, „Јоурнал оф Цлиницал Инвестигатион“, „Јоурнал оф Лабораторѕ анд Цлиницал Медицине“, „Балкан Јоурнал оф Медицал Генетицс“. Тој е основач и директор (до 1995) на Меѓународниот информативен центар за хемоглобин и член на бројни комитети во Американскиот национален институт за здравство. Бил поканет предавач на бројни меѓународни, национални и регионални конгреси и симпозиуми. Добитник е на бројни престижни награди и признанија. Почесен граѓанин на Бругге (Белгија, 1972), дописен член на Холандската академија на науките (1973), член на МАНУ надвор од работниот состав (7. Ⅴ 1991) и почесен член на Друштвото на хематолозите на Турција (1979). Објавил повеќе од 900 научни труда, вклучително 10-тина монографии и учебници. Речиси сиот свој научен интерес го посветил на изучувањето на структурата, функцијата, биосинтезата, генетиката и експресијата на нормалните и абнормални хумани хемоглобини. Со своите бројни соработници открил и хемиски карактеризирал повеќе од 200 нови хемоглобин-ски варијанти. Г. Ефр.